„Сите сме целосно потиштени. Ние бевме повеќе од колеги, ние сме семејство“ – ѕвездите од „Пријатели“ за смртта на Метју Пери

„Ти должам околу 30 милиони долари Дејвид“: Метју Пери во својата книга откри што направил Рос од „Пријатели“ за целиот тим – за што бил вечно благодарен

пред 6 месеци

Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 28 октомври на 55-годишна возраст.

Тој беше погребан пет дена подоцна во кругот на неговото најблиско семејство и пријатели, а на церемонијата присуствуваа неговите колеги од култната серија Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Како што е познато, Пери минатата година ги објави своите мемоари „Friends, Lovers and the Big Bad Thing“ во кои откри бројни детали за неговиот личен живот, кариера и серијата што го прослави.

Сите актери од „Пријатели“ истакнаа дека за време на снимањето кое траело 10 години станале вистинско семејство и дека се гледале како браќа и сестри. Сепак, Метју во својата книга откри каков гест направил Дејвид Швимер и за кој сите биле благодарни.

Имено, како што напиша, сите шест главни актери заработиле по 22.000 долари по епизода во текот на првата сезона на „Пријатели“. Во втората сезона, Дејвид Швимер и Џенифер Анистон, кои ги глумеа Рос и Рејчел, добиле повисоки хонорари бидејќи нивната романса била во центарот на приказната. Кога започнала третата сезона, „Ворнер Брос“ сакал дополнително да ги зголеми хонорарите за Дејвид и Џенифер, но Швимер не се согласил, дури и по цена тој и Анистон да добијат помала плата од што имале.

„Дејвид сигурно беше во позиција да добие најмногу пари, но не го стори тоа. Би сакал да мислам дека би го направил истиот потег, но како алчен 25-годишник, не сум сигурен дека ќе го направев тоа“, напиша Пери, пренесе „Гардијан“.

„Но, неговата одлука не натера да се грижиме еден за друг преку безброј стресни мрежни преговори, а тоа ни даде огромна моќ… Ја имавме љубезноста на Дејвид и неговото мудро чувство за деловно значење, благодарност за она што го направи. Ти должам околу 30 милиони долари Дејвид“, додал познатиот Чендлер.

До осмата сезона на серијата, сите актери заработуваа по 1 милион долари по епизода.

Текстот „Ти должам околу 30 милиони долари Дејвид“: Метју Пери во својата книга откри што направил Рос од „Пријатели“ за целиот тим – за што бил вечно благодарен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top