Ти пуштиле оганче на стори, па реков да дојдам да го изгаснам

Ти пуштиле оганче на стори, па реков да дојдам да го изгаснам

пред 1 година

Откако директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објави фотографија од плажа од Грција, на твитерџиите не им требаше многу да почнат да се шегуваат на негова сметка.

Стојанче рече дека благорадение на дождот заминал под Олимп, но дека ќе се врати назад за миг ако почне да гори. Некои му пишаа дека изгорел како ќерамида, други пак дека имал холивудска градба и дека многу личел на Адам Драјвер.

„Кога е добро, добро е, дури и на моја сметка“, им одговори Ангелов.

 

 

Share
Scroll to Top