„Ти со насмевка ги мина сите премрежиња“ – Весна Бејби емотивна за роденденот на ќерката Мина

пред 3 години

Ќерката на Весна Бејби денес слави роденден. Актерката напиша дека Мина е најубавото нешто што ѝ се случило. Вели: „Мина денес полни 16 години. Таа е најубавото нешто што ми се случило во животот, мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек. Неверојатно колку има насмевка за сите премрежиња што ги минува. Таа е љубов и суштина. Таа е копнеж и светлина. Таа е небото по кое јас стапнувам. Таа е живот во животот. Мина, среќен маме, ти си ангел“.

Актерката го има и синот Кирил, кој замина во САД кај својот татко Јанко. Весна пред да го испрати Кирил неколкупати објавуваше дека е среќна што тој ќе замине надвор од земјата да се школува, но во исто време дека е и тажна оти нема да биде покрај неа.

Share
Scroll to Top