Том Круз е повторно заљубен во Рене Зелвегер

Том Круз е повторно заљубен во Рене Зелвегер

пред 4 години

Акциониот херој Том Круз е во врска со неговата колешка Рене Зелвегер. Како што пишува магазинот NW Том и се нашол на Рене во моментите кога најмногу и бил потребен. Глумицата минувала во животна криза, а Том се појавил во вистинскиот момент.

Магазинот засега не открива детали и точно за што станува збор, но според извор близок до Рене, глумицата се затворила и изолирала од луѓето.

„Том се најде во вистинскиот момент за неа. Ги остави сите работи на страна и целосно и се посвети на неа“, открива изворот.

За нив двајцата се пишуваше уште минатата година.Медиумите пишуваа дека Рене размислува да влезе и во Сциентолошката црква, за да биде со Том.

„Претставници на црквата веќе ја посетија во нејзиниот дом во Лос Анџелес за да ја интервјуираат и да објаснат што значи да се биде член на Скиентологијата“, открива изворот.

Скиентологијата е култ и еден вид религија што се прошири кај голем број холивудски sвезди како Том Круз, Џон Траволта и Кирсти Алеи. Таа бара од своите членови да не се дружат со луѓе кои не ја поддржуваат и се многу строги во врска со тоа. Познато е дека Круз повеќе не ја гледа својата 13-годишна ќерка Сури, која ја доби во бракот со 40-годишната актерка Кејти Холмс, која заради скиентологијата и одлучи да се разведе од него.

За потсетување, Рене и Том, се запознаа на сетот на филмот ‘Jerry Maguire’ уште во 1996 година,  нивната романса тогаш беше прекината затоа што Том беше со актерката Никол Кидман. Како доказ за нивната љубов, актерката во неодамнешното интервју за „Vanity Fair“ изјави дека Том секоја година и испраќа роденденски подарок, додека му се заблагодарува за вниманието за време на говорот на наградите SAG. Како и да е, тие двајца сè уште официјално не изјавиле ништо околу пишувањата дека ќе се венчаат.

Share
Scroll to Top