Том Круз наместо на аеродром со хеликоптерот слетал во дворот на британско семејство

Том Круз наместо на аеродром со хеликоптерот слетал во дворот на британско семејство

пред 3 години

Холивудската ѕвезда Том Круз, кој во моментов го снима новиот дел од филмот „Невозможна мисија“ во Англија, наместо да слета на аеродромот во Ковентри, со својот хеликоптер слетал во дворот на едно семејство во Варвикшир.

Бидејќи аеродромот бил привремено затворен, локалните власти се јавиле кај Алисон Веб и ја информирале дека на некоја позната личност ѝ е потребен простор да слета со хеликоптерот, но не ѝ кажале за кого станува збор. Таа им дала дозвола, а потоа со децата излегла да види кој ќе дојде.

„Кога на телефон ме прашаа, јас се согласив. Мислев дека на децата ќе им биде интересно да видат слетување на хеликоптер во нашиот двор. Кога го видовме дека е Том Круз, сите многу се возбудивме. Тој отиде кај децата да поразговара со нив, потоа дојде кај нас, се поздрави и се заблагодари. Ги праша децата дали сакаат да се повозат во хеликоптерот“, рекла Алисон.

Таа раскажала дека пилотот на Круз свртел круг над областа со нејзините деца, а во тоа време актерот заминал на состанок. Кога се вратил, уште еднаш им се заблагодарил.

Share
Scroll to Top