Том Хенкс и Рита Вилсон викаа на непознат маж за време на премиерата на неговиот филм Аsteroid City на филмскиот фестивал во Кан. Изгледаа како да имаа проблем и не можеа да се разберат со мажот на црвениот тепих. Рита која му е менаџер на Хенкс беше збунета додека одеше по црвениот тепих, па на „Твитер“ почнаа со коментарите.
„Прилично несекојдневна ситуација за овој брачен тандем. Дали Том Хенкс и Рита Вилсон и нивното обезбедување ги побркаа лончињата? Каде треба да одиме?“, се пошегуваа фановите на „Твитер“.
Со коментар се јави и Рита која напиша: „Ова се вика: Не те слушам. Луѓето вриштат. Што рече? Каде треба да одиме?“, а неколку часа по премиерата додаде: „Ни беше супер. Погледнете го Asteroid City“.