Том Џонс призна дека користи виагра: „Добро е човек да има помош на 80 години“

Том Џонс призна дека користи виагра: „Добро е човек да има помош на 80 години“

пред 3 години

Британскиот музичар Том Џонс неодамна во интервју призна дека користи виагра. Тој вели дека на негови години е добро човек да има малку помош.

„Нема срам за тоа кога имаш 80 години“, откри велшкиот музичар, кој беше во брак со Линда Џонс  од 1957 до 2016 година кога таа почина.

По нејзината смрт, тој често беше во друштво на различни девојки, но никогаш за ниедна не потврди дека е во врска со неа. Во текот на кариерата, и покрај тоа што имаше стабилен брак, беше миленик на жените кои за време на настапите му фрлаат долна облека, а во една прилика жена му го фрли клучот од хотелската соба.

 

Share
Scroll to Top