Тони Цетински: Сигурен сум дека мојот син ќе биде прекрасен татко

Тони Цетински: Сигурен сум дека мојот син ќе биде прекрасен татко

пред 4 години

Хрватскиот пејач Тони Цетински неодамна објави дека ќе стане дедо. Неговиот 23 годишен син Кристијан со неговата сопруга, Нина, на лето ќе станат родители, а Тони во последното интервју откри како се чувствува како иден дедо.

„Среќен сум и сигурен сум дека Кристијан ќе биде прекрасен татко. Позрел е од мене кога јас бев на негови години. Одлично му оди на факултет, а сопругата му е супер“, вели Тони и објасни дека се чувствува онака како што човек треба да се чувствува на негови години.

„Се чувствувам мирно и задоволно, а на сите други им посакувам многу здравје“, вели Цетински.

Кристијан на крајот на февруари откри дека го чека своето прво дете.

„Ни даде многу причини да дадеме сè од себе и да го направиме овој живот уште поубав. Едвај чекам да те запознам“, напиша Кристијан, но не откри дали чека момче или девојче.

Тони го доби Кристијан од бракот со Антонела Бутиган со која беше во брак шест години.

 

 

Share
Scroll to Top