Ѕвездата од „Беверли Хилс“, Тори Спелинг се разведува од сопругот Дин Мекдермот, по 18 години брак. Двојката има 5 деца. Веста ја објави сопругот на Спелинг.
„Со голема тага и тешко срце, по 18 години поминати заедно и 5 неверојатни деца, Тори и јас одлучивме да тргнеме секој по различен пат и да започнеме ново, сопствено патување. Ќе продолжиме да работиме заедно како родители полни со љубов и ќе ги учиме и водиме нашите деца низ овој тежок период. Ве молиме сите да ја почитувате нашата приватност, додека го одвојуваме ова време за да го опкружиме нашето семејство со љубов. Ви благодариме на сите за поддршката и љубезноста“, напишал тој на социјалните мрежи.
Тие двајца постојано ги негирале гласините за нивниот лош однос, иако тоа било сè поизвесно. Турбуленциите ги следеле од самиот почеток на нивната врска додека и двајцата биле во брак со други луѓе, а се запознале во 2005 година на снимање. На крајот од 2013 година признал дека ја изневерил сопругата, а сега и официјално одлучиле да се разделат.