Состојки:
- 1 кромид со средна големина
- 2 средни тиквички
- 200 гр варена пченка
- 2 поголеми јајца
- 200 гр рендано сирење
- 50 гр рендан пармезан
- 4 големи тортиљи
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка: Ситно исецкајте го кромидот. Пржете го во две-три лажици маслиново масло. Додадете тиквички што претходно сте ги измиле, излупиле и исекле на помали коцки или ленти. Додадете сол, бибер и оставете го да врие пет минути. Изматете ги Јајцата и додадете ги тиквичките и кромидот. Кога јајцата ќе се сварат, тргнете ги од шпорет и додадете ја варената пченка и пармезан, а потоа промешајте. Истурете малку маслиново масло во поголема тава, а потоа загрејте на средно висока температура. Ставете една тортиља на чинија, посипете ја со сирење, распоредете половина од смесата од тиквички и јајца, па повторно посипете ја со сирење и покријте ја со друга тортиља. Внимателно префрлете ги тортиљите во тава, а потоа оставете да се пече од двете страни неколку минути. Повторете го процесот со преостанатите тортиљи. Исто така, ако сакате можете да користите моцарела наместо сирење.