Златан Ибрахимовиќ не престанува да привлекува внимание со своите објави на Инстаграм и најмногу ги воодушевува жените.
Прославениот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (44) веќе неколку пати ги воодушеви жените ширум светот со својот изглед и совршена форма.
Ибрахимовиќ често споделува интересни објави на својот Инстаграм и покажува како го поминува слободното време. Една од најновите објави ги направи жените особено среќни.
Поранешниот фудбалер се сними себеси во сауна, само во долна облека, а таа објава собра околу 150 илјади лајкови за еден ден.

И тоа не е сè. Златан го промени својот имиџ, па наместо долгата коса што ја имаше неодамна, сега има целосно кратка фризура.
„Нему не му треба оган, тој е жив оган“, „Засекогаш млад“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Легенда“, „Ти си единствениот што ја прави ароганцијата убава“, беа некои од коментарите.






