Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ го чува од заборав обичајот „Мартинки“, кој е културно наследство на УНЕСКО

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ го чува од заборав обичајот „Мартинки“, кој е културно наследство на УНЕСКО

пред 2 години

На 24 февруари ќе отвори 9. традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ на првиот кат во трговскиот центар „Лиса“ во Скопје. Отворањето ќе започне во 12 часот. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“.

Настанот претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Тој ќе биде отворен до први март и ќе содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на повеќе јазици, продажна галерија со ракотворби, а ќе се организира и специјална интерактивна детска работилница за правење мартинки.

„Минатата година на традиционалната манифестација посветена на обичајот ‘Мартинки’, промовиравме шест печатени изданија за деца на повеќе јазици. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на ‘Приказните за европското културно наследство’ каде што проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство. Како носители на Обичајот ‘Мартинки’ во УНЕСКО, радува фактот дека вративме во живот обичај кој беше скоро на изумирање. Горди сме што манифестацијата секоја година има голема посетеност благодарејќи на високата свесност на луѓето за сопственото кулурно наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција“, вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Манифестација е поддржана од Минстерството за култура, Градот Скопје, Т.Ц. Лиса и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси. Таа ќе биде реализирана согласно препорачаните мерки за заштита во време на пандемија.

 

 

Share
Scroll to Top