Тревис Келси ја расплакал Тејлор Свифт пред олтарот: Ветувањето што ѝ го дал ја разнежнило невестата

Тревис Келси ја расплакал Тејлор Свифт пред олтарот: Ветувањето што ѝ го дал ја разнежнило невестата

пред 7 часа

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси продолжува да биде една од најкоментираните светски теми, а сега се откриваат нови емотивни детали од церемонијата во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Според извори блиски до свадбата, Тревис Келси бил видно нервозен додека ги изговарал брачните завети, но успеал да остане прибран во еден од најважните моменти од својот живот.

Најемотивниот дел од церемонијата, според присутните, бил моментот кога Келси ѝ ветил на Тејлор дека ќе ја „штити засекогаш“. Токму тие зборови ја расплакале пејачката пред олтарот.

„Тејлор изгледаше многу емотивно во делот од заветите кога тој ѝ вети дека ќе ја штити засекогаш“, открил извор за странските медиуми.

Двојката се венчала пред повеќе од 1.000 гости, меѓу кои бројни музички ѕвезди, актери, спортски имиња и блиски членови на семејствата.

Детали за церемонијата открил и водителот на „Good Morning America“, Џорџ Стефанопулос, кој бил меѓу гостите. Тој изјавил дека размената на заветите била „сè што човек би посакал“ – искрена, ранлива, сериозна, но и со моменти на хумор.

Според него, Тејлор и Тревис ги читале своите завети од мали книшки, а целиот дел со брачните завети траел околу 20 минути.

Церемонијата ја водел актерот и комичар Адам Сендлер, кој на младенците им дал едноставен, но трогателен брачен совет.

„Им рече да се бакнуваат секогаш кога ќе имаат можност – секој ден, без разлика дали заминуваат на работа или одат на спиење“, открил тренерот на Kansas City Chiefs, Енди Рид.

Свадбената прослава била вистински спектакл. За гостите настапиле легендарните Пол Макартни и Стиви Никс, а бил организиран и луксузен награден избор, на кој гостите можеле да освојат подароци како Chanel и Dior чанти, Cartier часовници и други скапоцени награди.

По церемонијата, пред „Медисон Сквер Гарден“ биле поставени светлечки натписи „JUST & T MARRIED“, со кои беше означено дека една од најпознатите љубовни приказни на денешницата официјално започнува ново поглавје.

Гостите ја опишале венчавката како магична, лична и длабоко емотивна, а брачните завети на Тејлор и Тревис како еден од најубавите моменти на вечерта.

Share
Scroll to Top