Трет син во семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

Трет син во семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

пред 1 година






Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер неодамна открија дека го чекаат третото дете. Иако пред неколку дена во разговор за германските медиуми таа призна дека ако роди женско тоа сигурно би донело голема промена во нејзиниот живот, сепак според објавта на „Курир.рс“, Ана и Бастијан ќе имаат уште едно машко.

„Јас и Бастијан сега сме бројно надјачани“, рече Ана, откако неодамна објави дека е бремена.

„Се оди добро, родителите се среќни и задоволни, а на последниот преглед докторот ѝ соопштил на Ана дека ќе добие момче. За тоа се информирани најблиските членови на семејството“, рекол извор близок до семејството.

Двојката ги има синовите Лука и Леон.





Share
Scroll to Top