Потребни состојки:
250 гр кори за пита
100 мл газирана вода
60 мл масло
2 лажици брашно
1/2 сув квасец
За фил
2 страка праз
150 гр сланина
Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги газираната вода, маслото, брашното и квасецот. Корите поделете ги на половина. Секоја половина премачкајте ја со течноста со помош на четка, а потоа преклопете ги од едната, па на другата страна. На крајот од кората ставете сланина и една лажица испржен праз, па замотајте во форма на триаголник. Наредете ги во тава за печење Одозгора премачкајте ги со преостанатата течност. Печите на 200 степени околу 15 минути.