Триаголници со праз и сланина со готови кори

Триаголници со праз и сланина со готови кори

пред 3 години

Потребни состојки:

250 гр кори за пита
100 мл газирана вода
60 мл масло
2 лажици брашно
1/2 сув квасец
За фил
2 страка праз
150 гр сланина

Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги газираната вода, маслото, брашното и квасецот. Корите поделете ги на половина. Секоја половина премачкајте ја со течноста со помош на четка, а потоа преклопете ги од едната, па на другата страна. На крајот од кората ставете сланина и една лажица испржен праз, па замотајте во форма на триаголник. Наредете ги во тава за печење Одозгора премачкајте ги со преостанатата течност. Печите на 200 степени околу 15 минути.

Share
Scroll to Top