Потребни состојки:
1 пакување готови кори
200 мл масло
200 мл кисела вода
За фил:
350гр сирење
3 јајца
Начин на подготовка:
Секоја готова кора одвојте ја и премачкајте ја со четка потопена во масло. Превиткајте ја на пола и на едниот крај ставете од филот од сирење со јајца. Преклопувајте во облик на триаголник. Секој триаголник премачкајте го со кисела вода и извалкајте го во сусам. Во плех на кој сте ставиле хартија за печење, ставете ги триаголниците и печете околу 20 минути на 200 степени. Откако ќе се испечат, оставете ги да се ладат покриени со крпа. Послужете ги со јогурт или кисело млеко.