На 16 март во Скопје во Станица 26, настап ќе имаат „Amy’s House“, Real Tribute бенд на големата џез и соул пејачка Amy Winehouse. Настапот е закажан за 20 часот. Бендот е создаден во Белград 2015 година. Овој музички состав, од седум врвни музичари кои зад себе имаат голем број сценски настапи, ќе го донесат звукот и магијата на една од најнаградуваните и најдобрите музички автори. Бендот има голем број фестивалски и клубски настани низ Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. А исто така имаа можност да настапат на еден од најстарите фестивали во Белгија пред 10 000 публика.