Американската пејачка Тејлор Свифт триумфираше на Ем Ти Ви ЕМА наградите, кои се одржаа во Дизелфдорф, Германија. Таа освои четири награди за најдобар изведувач, видео и најдобро поп видео со долга форма. Последниот албум на Свифт моментално е на врвот на топ листите.
На Европските музички награди настапија и победниците на овогодинешната Евровизија, украинскиот бенд Калуш Оркестра.
„За нас е важно да бидеме глас на Украина, да имаме можност да бидеме насекаде низ светот, да настапуваме и да зборуваме за Украина, да кажеме за војната, да кажеме за нашата култура, култура која се бори против војната“, изјавил фронтменот Олег Псјук на црвениот тепих.
Шоуто беше отворено со Дејвид Гета и Бебе Реџа со хит соработката I’m Good Blue. За најдобра песна, најдобар хип -хоп и категорија супер откачена девојка наградена беше Ники Минаж која не беше присутна на доделувањето
Водители на наградите беа младенците Рита Ора и Таика Вејтити.
Помеѓу наградените беше и британскиот рапер Стормзи, настапија на сцената и OneRepublic, Ава Макс, Тејт Мекреј.