Три години затвор за човекот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

пред 2 години

По три години од сообраќајната несреќа во која загина легендарниот фолк пејач Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло се одржа судење. Турчинот Алсин Левент, кој ја предизвика сообраќајката недалеку од градот Билефелд во Германија, осуден е на едвај три години и 3 месеци затвор, пренесува Дојче Веле.

На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Во еден момет тој вербално го нападнал обвинетиот, како и неговиот адвокат. Тој му кажал разни пцовки и недолични зборови. По што обвинетиот им се обратил на семејствата на жртвите.

„Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“, кусо одговорил тој.

Бранителот на обвинетиот истакна дека Левент знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифати одговорноста и призна сè“.

Share
Scroll to Top