Три девојки годинава меѓу коњаниците на Илинденскиот марш

Три девојки годинава меѓу коњаниците на Илинденскиот марш

пред 1 година

Оваа година во илинденскиот марш до Крушево ќе учестуваат три девојки. Минатата година Ели Апостоловска од Велес беше единствената девојка која со коњот Цезар прстигна на 2-ри август во Крушево.

„Лани бев единствена жена, а годинава сме дури три. Многу ми е мило што порасна бројката и сакам во иднина и други жени да се охрабрат затоа што и ние жените можеме, храбри сме, силни,упорни и рамо до рамо со мажите можеме повеќе, можеме се. Следете си ги традициите народе и не дозволувајте ништо да ве спушти на земја, кренете глави високо горе и борете се за она што е ваше“, вели Ели Апостоловска минатогодишната учесничка на Илинденскиот марш.

Илинденскиот марш ќе започне на 27-ми јули во собир во црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче, потоа до Велес, Теово, Ропотово и на 2-ри август коњаницата за Илинденскиот марш ќе пристигне во Крушево.

Share
Scroll to Top