Тројца Македонци со велосипед ќе го искачуваат највисокиот врв во Иран

Тројца Македонци со велосипед ќе го искачуваат највисокиот врв во Иран

пред 4 години

Лазо Миновски, Ирина Дишовска и Никола Нешкоски минатата година со велосипед го извозија највисокиот врв во Африка, Килиманџаро висок 5895 метри надморска височина.

Оваа година екипата составена од Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Илија Деревјов, заминува во нова велосипедска авантура. Тие ќе го искачат највисокиот врв во Иран, односно највисокиот вулкан во Азија, Дамаванд висок 5609 метри надморска височина.

dobivaj vesti na viber

По пристугнувањето во Техеран ќе се обидат за три до четири дена да го развеат македонското знаме на овој врв.

„Заминавме на 25-ти јули од скопскиот аеродром, преку Истанбул до финалната дестинација во Иран, каде не очекуваат возбудувањата на вулканот кој се уште е потенцијално активен“, напиша Миновски на Фејсбук.

Тие претходно се подготвуваа за големиот предизвик со велосипед ја искачија Попова Шапка, односно извозеа дистанца од 127 километри од Скопје, со искачување од 1700 метри.

Share
Scroll to Top