Трудничкиот стомак на Ен Хатавеј предизвика теории на заговор – актерката им одговори со една реченица

Трудничкиот стомак на Ен Хатавеј предизвика теории на заговор – актерката им одговори со една реченица

пред 7 часа

Ен Хатавеј се најде во центарот на необична интернет-дискусија откако нејзиното појавување на филмска премиера поттикна бизарни теории дека актерката носи лажен труднички стомак.

Оскаровката минатиот викенд присуствуваше на премиерата на својот нов научно-фантастичен филм „The End of Oak Street“, каде што привлече големо внимание со впечатлива модна комбинација.

Хатавеј се појавила во фармерки и светлосин топ со долг шлеп, а комбинацијата целосно го истакнувала нејзиниот труднички стомак.

Фотографиите и видеата од црвениот тепих брзо почнале да се споделуваат на социјалните мрежи, но покрај бројните реакции за нејзиниот изглед, се појавиле и необични коментари.

Дел од корисниците тврделе дека стомакот на актерката изгледал „премногу совршено и неприродно“, по што започнале шпекулации дека можеби станува збор за протеза.

Хатавеј не дозволила теориите долго да се шират и реагирала преку Инстаграм.

Покрај видеото од настанот, таа кратко и јасно напишала:

„Лажна коса, вистински стомак“.

Со ова актерката практично ставила крај на шпекулациите и потврдила дека нејзината бременост е вистинска.

Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг, актерот и дизајнер на накит Адам Шулман, кој има 45 години, се во брак од 2012 година.

Веста дека двојката го очекува третото дете беше објавена на почетокот на ова лето.

Тие веќе имаат два сина – Џонатан, кој има 10 години, и шестгодишниот Џек.

Покрај семејните новости, Хатавеј во овој период е посветена и на новите филмски проекти.

„The End of Oak Street“, во режија на Дејвид Роберт Мичел, е научно-фантастичен филм чија приказна следи семејство кое по мистериозен космички настан се наоѓа во необична и опасна ситуација.

По настанот, целата нивна населба се наоѓа во средина населена со праисториски суштества, со што започнува борба за преживување во сосема нови околности.

Покрај Ен Хатавеј, една од главните улоги во филмот ја толкува и Хуан Мек Грегор.

Иако премиерата требаше да биде во знакот на новиот филм, најголемото внимание на социјалните мрежи на крајот го привлече токму трудничкиот изглед на Хатавеј и нејзиниот духовит одговор на необичните теории.

Share
Scroll to Top