Тунижанецот дошол во Франција за да го изврши нападот, вели францускиот министер за внатрешни работи

Тунижанецот дошол во Франција за да го изврши нападот, вели францускиот министер за внатрешни работи

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен изјави дека Тунижанецот кој ги нападнал верниците во црквата во Ница, дошол специјално во Франција со цел да го изврши нападот.

„Се разбира, обвинителот за борба против тероризмот треба да утврди кога напаѓачот го иработил планот за напад. Но, тој очигледно не дошол за да ги добие документите“, изјавил министерот во интервју за весникот Voa di nord.

Човек вооружен со нож нападнал и убил три лица, верници, на 29. октомври во црквата „Нотр Дам“ во Ница. За време на приведувањето, напаѓачот бил тешко ранет. Антитерористичкото обвинителство покрена истрага со цел расчистување на случајот.

Министерот потврди дека кај напаѓачот биле пронајдени документи на име на државјанин на Тунис, роден во 1999 година. Во Франција тој пристигнал на почетокот на октомври, преку италијанскиот остров Лампедуза.

Share
Scroll to Top