Фотографија со возило со австриски таблици, на кое се прикачени неколку велосипеди и мртовечки ковчег се појави на социјалните мрежи.
Фотографијата наводно е направена во тунелот Мала Капела на пат кон морето во Хрватска.
„На крајот на сите ќе ни треба ваков кревет“, „Сеуште ја зимаат пензијата од баба, па ја носат на море“, „Уште еден кревет повеќе“, ова се само дел од коментарите кои се најдоа под фотографијата.