Турските актери се вклучуваат да помогнат на семејствата на загинатите во разорниот земјотрес

Турските актери се вклучуваат да помогнат на семејствата на загинатите во разорниот земјотрес

пред 2 години

Утринава Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени во кој има голем број на жртви, но исто така голем е и бројот на повредени граѓани. На жителите преку социјалните мрежи им се обратија и познатите турски актери кои даваат поддршка за сите оние кои настрадале во земјотресот и им понудија поддршка на сите на кои им е потребна. Според турските медиуми тие бараат помош за настраданите семејства, а и самите се вклучуваат да донираат за да помогнат на настраданите во катастрофалниот земјотрес.

Актерката Седа Бакан (37) им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм.

„Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување“, напиша актерката.

Актерот Бурак Озчивит (38), најпознат од сериите „Сулејман Величествениот“ и „Кара Севда“ и „Осман “ напиша дека на неговата земја и посакува брзо закрепнување по земјотресот.

„Го молиме Бога за милост за нашето население кое го загуби животот во оваа катастрофа. Сочувство до нивните семејства и најблиски, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша актерот.


Се огласи и актерката Туба Бујукустун (40) од серијата „Аси“ и „Љубов и крвави пари“.

„Турција прогласи состојба на готовност четврт степен. „Ниво 4“ вклучува повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака. Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бара ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.

„Се разбудив со страшен шок. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, напиа Демет Оздемир (30).


На следбениците им се обрати и Елчин Сангу (37).

„Длабоко сум потресена и тажна поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша актерката.

Share
Scroll to Top