Турски кох полн со чоколадо

Турски кох полн со чоколадо

пред 9 месеци






СОСТОЈКИ:

  • 5 јајца
  • 1 чаша шеќер (200 мл)
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши глатко брашно
  • 5 лажици какао
  • 1 прашок за пециво

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

  • 3 чаши млеко
  • половина чаша масло
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 лажици какао
  • 100 гр чоколадо за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги ванилиниот шеќер, маслото, мекото, брашното, прашокот за пециво и какаото. Соединете сè и ставете го во плех за печење на 190 степени Целзиусови.
  2. Додека се пече бисквитот, подгответе го преливот. Ставете го млекото да зоврие и додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и какаото, а потоа маслото. Изладете го преливот и потоа прелијте го врз врелиот колач.






Share
Scroll to Top