Уапсен менаџерот на Јелена Карлеуша, осомничен е за продажба на кокаин

Уапсен менаџерот на Јелена Карлеуша, осомничен е за продажба на кокаин

пред 2 месеци






Менаџерот Новак Радин е уапсен пред два дена во Белград под сомнение дека продавал кокаин, како и затоа што во куќата во која живее незаконски чувал пиштол и муниција од различен калибар.

Кај него полицијата пронашла околу 50 грама кокаин и околу половина милион динари.

Радин ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, по што ќе бидат познати повеќе детали за овој случај.

Новак Радин е познат менаџер кој соработува со Јелена Карлеуша, Шако Полумента и многу други.






Share
Scroll to Top