Убедлива победа на Македонија против Финска во квалификациите за ЕП 2022

Убедлива победа на Македонија против Финска во квалификациите за ЕП 2022

пред 3 години

Ракометната репрезентација на Македонија имаше рутинска и убедлива победа против Финска на стартот на квалификациите за ЕП 2022, со резултат 33-24. Гостите беа вистински противник првите петнаесет минути, по што македонските ракометари создадоа предност што рутински ја одржуваа до крајот.

Селекторот Брестовац им даде шанса на сите ракометари да се докажат во репрезентативниот дрес. Кире Лазаров беше најдобар поединец на натпреварот со 11 погодоци, шест постигна Кузмановски, а по четири пати прецизни беа Маџовски и Пешевски.

Македонија во сабота ѝ гостува на Швајцарија во вториот натпревар од новиот циклус квалификации. Пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции во квалификацискиот циклус.

Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија

Share
Scroll to Top