УЕФА сака да ги суспендира на две години клубовите кои сè уште се членки на таканаречената Суперлига, јавува американскиот медиум „ЕСПН“. Идејата за Суперлигата, која беше оформена од страна на челниците на најголемите и најмоќни европски клубови, траеше краток период.
Новооформената лига траеше само два дена, откако повеќето од клубовите кои членуваа во неа решија да се повлечат. Сепак во неа останаа неколку клуба, кои сега од УЕФА сакаат да ги казнат.
Според членот 51 на статутот на УЕФА, во кој се забранува секаков сојуз или партнерство меѓу клубовите, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан две години ќе останат без настап во евро-куповите, пренесува „ЕСПН“.
ЕСПН дури и најави дека клубовите веќе ја разгледуваат можност за експресна жалба доколку казната биде потврдена. Чеферин неколку пати најави казни, а вчера доби критики и од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој рече дека казни не се најдоброто решение за клубовите.
На останатите клубови – основачи на Суперлигата, УЕФА ќе им додели поблаги парични казни.