Украина го помести Божиќ од 7 јануари на 25 декември

Украина го помести Божиќ од 7 јануари на 25 декември

пред 9 месеци






Во Украина отсега  Божиќ ќе се слави на 25 декември, и со ова земјата се оддалечува од традициите на Руската православна црква, која го слави празникот на 7 јануари.

Одлуката за поместување на датумот изгледа дека е популарно меѓу граѓаните. Во декември, украинската влада спроведе анкета прашувајќи ги граѓаните дали датумот на Божик треба да биде преместен на 25 декември. Речиси 60 отсто од анкетираните 1,5 милиони граѓани ја поддржаа промената.

Претседателот Володимир Зеленски вчера го потпиша указот.

Украина и Русија се православни земји но според анкетите украинските верници се оддалечија од  Руската православна црква.

 






Share
Scroll to Top