Во средата на Гинекологија во Чаир се породи родилка од Украина со женско дете, објави министерот за здравство, Беким Сали.
„Оксана од Украина донесе на свет девојче тешко 3.890 кг и долго 54 см. Мајката Оксана и новороденчето се во добра состојба. За нив се грижи тимот од гинеколози, педијатри и медицински сестри кои се во сигурни раце. Во разговор таа ме извести дека е задоволна од здравствената услуга и дека се чувствува добро. Ѝ посакав добро здравје и многу среќни моменти“, напиша министерот за здравство.