Уметник нацрта мурал во Маврово и испрати порака да се грижиме за Планетата

Уметник нацрта мурал во Маврово и испрати порака да се грижиме за Планетата

пред 2 години

На кошаркарскиот терен во Ресорт Маврово уметникот познат под името Пијаниста, нацрта мурал со порака да се грижиме за планетата Земја. Муралот, кој е на површина од 480 м2, беше насликан на Денот на планетата земја, 22 април.

dobivaj vesti na viber

Идејата на овој мурал е да ја поттикне свеста дека сите треба да се грижиме за планетата и да ја заштитиме од сите негативни влијанија и глобалното затоплување. Тој на креативен начин испраќа порака дека секој човек, секоја земја и секое општество мора да дадат личен придонес во битката за подобра животна средина. Уметникот потсетува и на тоа дека вниманието на луѓето мора да се сврти кон природата, кон шумите, зеленилото, чистиот воздух, водата и обновливите извори на енергија.

Муралот е направен на спортски терени за да се поттикнат луѓето да водат здрав и активен живот.

 

Share
Scroll to Top