Промената на времето бара реорганизација на гардеробата, а клучни елементи се горните парчиња инспирирани од есенските тонови, од славната и безвременска црна до бојата на чоколадо, капучино, топло бордо, неутрално сиво и темно зелено.
Волната и сличните мешавини доаѓаат до израз со промената на температура на воздухот, но и во начинот на облекување.
1. Креација која лесно се комбинира
Топлиот сив капут станува главен, тоа е креација што е лесно да се комбинира. Со обични фармерки и кратки чизми, ова е полн погодок.
2. Сивата и кафеавата боја можат да изгледаат совршено
Комбинациите на сиви и кафеави тонови се многу забавни. Играјте со нијансите.
3. Палто коешто изгледа како да е направено од делови
Трендот „колор блок“ се состои од носење облека или додатоци во две спротивни бои, стил кој е на врвот на листата за оваа сезона.
4. Војничкиот стил може да биде доста женствен
Нијансите на темно зелена боја се дел од „војничкиот“ стил кој ќе стане женствен кога ќе ги искомбинирате со шарени панталони.
5. Класиците никогаш не излегуваат од мода
Црните волнени капути со класична форма никогаш не излегуваат од мода, тие се одлична инвестиција.
6. Бордо се враќа повторно во мода
Лакираниот бордо мантил се спротивставува на сите есенски прилики.
7. Различни нијанси со иста боја може да изгледаат многу добро
Љубителите на класика знаат дека усогласените тонови од глава до пети се сигурен пат кон светот на елеганцијата.
8. „Теди“ капутите се вратија во мода
Се враќаат и кратките бунди, но и долгите во „мече“ варијанта.
9. Капутите се вклопуваат и во спортски стил
Спортскиот стил се вклопува со класични палта со широка форма.
10. Класичен широк капут со впечатливи детали
Ако модната комбинацијата е потемна, модниот додаток во интересна боја ќе ја освежи силуетата.