Ученици од „Никола Карев“ му подарија чиста облека и го потстрижија дедо Исмаил кој скоро 40 години е бездомник

Ученици од „Никола Карев“ му подарија чиста облека и го потстрижија дедо Исмаил кој скоро 40 години е бездомник

пред 2 години

Професорката по социологија од гимназијата „Никола Карев“, Валентина Панџарова, на социјалните мрежи откри дека неколку нејзини ученици му подариле чиста облека и храна на Исмаил, кој е бездомник 38 години, а кој често седи пред гимназијата. Тие го одвеле и на бербер кој му ја потстрижил косата и го избричил, оти тоа му била голема желба.

„Дедо Исмаил е 38 години бездомник. Одамна го гледаме на ќошот на гимназија Никола Карев, седнат, полуслеп, истоштен, во придружба на кучето, па и тоа бездомник… Одвреме навреме децата му оставаат сендвич кој го дели рамно на пола. Пола за него, пола за другарчето. Вчера учениците од Карев разговараа со него за животот, за здравјето, за потребите. Скромен, вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко време му ги подарија. Деца се тоа, чисти, жалосливи искрени. Прашаа што може друго да сторат за него. Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи. Лека-полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале, во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера. Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни“, напиша професорката.

Share
Scroll to Top