Учесничка во реално шоу пронајдена мртва

Учесничка во реално шоу пронајдена мртва

пред 2 години

Учесничката на реалното шоу програма на каналот Дискавери, Мелани Раушер, е пронајдена мртва.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата од реалното шоу „Гола и исплашена“ Мелани Раушер починала под мистериозни околности во Аризона. Нејзиното тело неодамна било пронајдено во близина на лименки со средства за чистење, дознава TMZ.

Мелани, која се појави во две сезони од хит-шоуто на каналот Дискавери, го чувала кучето во резиденција во Прескот, додека сопствениците на куќата биле на одмор, според Кори Касун, портпарол на полицијата во Прескот.

Сопствениците на куќи се вратиле попладнето на 17 јули и ја пронашле Мелани мртва на креветот во гостинската соба, рече Касун. Покрај нејзиното дело биле пронајдени лименки со средства за чистење на прашината од компјутерите. Не е познато дали Мелани ја консумирала содржината на лименките. Од полицајцијата велат дека немало очигледни знаци од напад на куче, и дека не пронашле знаци кои наведувале дека Мелани се самоубила, ниту пак е пронајдена дрога.

Обдукцијата треба да ја открие причината за смртта на 35-годишната Мелани Раушер.

Share
Scroll to Top