Фановите на Георгина од Саудсика Арабија и се налутија, откако објави фотографии во бикини и танга

Фановите на Георгина од Саудсика Арабија и се налутија, откако објави фотографии во бикини и танга

пред 2 години

Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез се фотографираше во танга и бикини додека ужива во вилата во Саудиска Арабија, кад парот се пресели поради трансферот на Роналдо во клубот Ал-Наср.

Георгина се сонча во сино бикини покрај базенот во семејната вила, а жителите на Ријад и Саудиска Арабија биле многу лути откако таа ги споделила фотографиите со своите 50 милиони фанови на Инстаграм.

Законот на Саудиска Арабија забранува објавување на преекспонирани или полуголи фотографии на интернет, а голем број корисници на Инстаграм ја нападнаа во коментарите, а некои ја замолија да се покрие.

„Толку безобразно“, „Покриј се Георгина, Господ да те благослови“, „Таа треба да бара прошка од Алах“, се дел од коментарите.

Сепак, се верува дека Џорџина нема да биде казнета поради овие фотографии. Џејмс Дорси, експерт за блискоисточно право, изјавил за Дејли Стар дека во принцип, пристојното облекување е задолжително, но она што претставува пристојно облекување еволуирало.

„Пред Мохамед Бин Салман беше важно целосно да се покрие лицето и телото. Ова очигледно повеќе не е случај, иако многу жени сè уште се придржуваат до него, а бикините генерално се сметаат за непристојна облека. Сепак, веројатноста нешто да и се случи на девојката на Роналдо е нула“, заклучил Дорси.

Share
Scroll to Top