По дебаклот за купување билети за северноамериканската турнеја на Тејлор, „Ерас“, и откако „Тикетмастер“ ја откажа општата продажба на билети зардаи големата побарувачка и недоволните залихи на билети, многу фанови ја тужат компанијата, пишува „ТМЗ“.
Компанијата за продажба и дистрибуција на билети е тужена за „измама, местење цени и кршење на антимонополските прописи, како и намерна измама, откако препродавачите, односно брокерите на билети, откупиле голем број билети.“
Во тужбата стои : Имајќи предвид дека Ticketmaster е вклучен и на примарниот пазар и на секундарниот пазар за продажба на билети – тие свесно им дозволиле на таканаречените скалпери на билети (брокери за билети) да влезат во претпродажба на концертите.
Во меѓувреме, Ticketmaster претходно им се извини на Тејлор и нејзините фанови, по дебаклот пред продажбата.