Фановите на One Direction, еден од најпопуларните бој-бендови на сите времиња, се во шок. На социјалните мрежи се простуваат од Лиам Пејн (31) кој трагично загина во Буенос Аирес.
Многумина од нив се собраа и пред хотелот.
„Почивај во мир, ти беше моето детство“, „Се чувствувам како да се збогувам со моето детство“, „Лиам, мојата генерација ќе те памети засекогаш“, „Никогаш повеќе нема да ги видиме петтемина заедно, не ми се верува“, „Почивај во мир, ти благодарам за сите спомени“, „Некој да ми каже ова е шега“, се само дел од коментарите на неговиот Инстаграм профил, под последните објави.
„Ние сме неверојатно тажни. Нашите мисли и молитви се со неговите пријатели и семејството во овој момент“, се вели на официјалниот профил на Brit Awards.
Бендот беше еден од најголемите поп бендови во историјата на музиката. Цела генерација порасна со музиката на One Direction. Во текот на нивната кариера, тие продадоа над 70 милиони албуми и распродадоа стадиони ширум светот. Лиам беше еден од водачите на групата.
Бендот се распадна во 2015 година, а кога се појави веста, милиони фанови буквално беа во солзи.