За 50 години брак со сопругата, фрамер од Канзас посадил 1,2 милиони сончогледи. Љубовната приказна на Ли и Рени Вилсон започнала во средношколските години, кога се вљубиле и заедно го поминале најголемиот дел од нивните животи.
Парот ќе ја прослави златната годишнина на 10 август.
„Таа отсекогаш сакаше сончогледи и си реков дека ова е годината кога треба да ги посадам“, изјавил Ли Вилсон.
Рени била пресреќна кога сончогледите се расцветале на површината од 32 хектари.
„Тоа ми направи да се чувствувам многу посебно. Не можев да добијам поубав подарок за годишнината од поле сончогледи“, кажа Рени.