Феро Инвест втора година по ред ја поддржува меѓународната медицинска едукација во Скопје

Феро Инвест втора година по ред ја поддржува меѓународната медицинска едукација во Скопје

пред 9 часа

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред ја поддржа Регионалната школа за срцева слабост (Master Course in Heart Failure), која од 17 до 19 септември 2026 година се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје. Настанот обедини еминентни професори и медицински експерти од САД и Европа, кои со домашните кардиолози споделија современи научни сознанија, искуства и пристапи во дијагностиката и лекувањето на срцевата слабост.

Особено значајно е што со организирањето на овој курс, Северна Македонија се најде на европската листа на стручни едукативни настани од областа на кардиологијата, што претставува признание за капацитетите на домашната медицинска заедница и можност за понатамошна меѓународна соработка.

За својот придонес во реализацијата на настанот, ФЕРО ИНВЕСТ доби сертификат за благодарност, во кој организаторите ја истакнуваат важноста на соработката во јакнењето на капацитетите во кардиологијата и унапредувањето на здравјето на срцето како општествен приоритет.

За ФЕРО ИНВЕСТ, поддршката на ваквите иницијативи е дел од определбата за општествено одговорно работење. Компанијата смета дека улогата на бизнис-секторот не се исцрпува со создавањето економска вредност, туку подразбира и придонес во областите што се од суштинско значење за квалитетот на животот на граѓаните.

Токму затоа, ФЕРО ИНВЕСТ ги охрабрува и останатите компании во Македонија, во рамките на своите можности, да се вклучуваат во поддршката на научни, образовни и здравствени иницијативи.

Вложувањето во знаење, наука и професионална едукација е вложување во долгорочниот развој на општеството. Поддршката на медицинските професионалци и нивното континуирано усовршување создава услови за пренесување на современи светски искуства и нивна примена во домашната здравствена практика.

Напредокот во здравството и науката е придобивка за целото општество, а неговата поддршка е заедничка одговорност на институциите, стручната јавност и бизнис-заедницата.

Share
Scroll to Top