Филипче ја прими кинеската вакцина и не носеше рамбовка

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче денеска јас прими првата доза од вакцината против корона вирусот на кинескиот производител “Синофарм” во вакциналниот пунк во спортската сала “Борис Трајковски”. За разликма од премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кои вчера примија вакцини со рамбовки маици, Филипче се реши за бела слим маичка. Министерот за здравство порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, како безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус.

„Штотуку ја примив вакцината на „Синофарм“ и уште еднаш апелирам до граѓаните да не се плашат, бидејќи сите вакцини се безбедни и сигурни. Вчера беа вакцинирани околу 10.000 граѓани во земјава, вакцинацијата одлично се спроведува. Ние одлучивме Владата да биде една од институциите која ќе се вакцинира веднаш по Собранието, па затоа сите министри во овој период добија свој термин и таа национална стратегија се темели на националните стратегии на другите земји во светот”, рече Филипче.

Досега, според министерот, 24 илјади граѓани се ревакцинирани со една од вакцините кои пристигнаа во земјава, а над 100 илјади граѓани примиле една доза од вакцините.

 

Share
Scroll to Top