Филмот „М“ на Вардан Тозија од 5 октомври ќе се прикажува во Синеплекс

Филмот „М“ на Вардан Тозија од 5 октомври ќе се прикажува во Синеплекс

пред 7 месеци

Македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија, од 5 октомви ќе се прикажува во Синеплекс. Македонската премиера филмот ја имаше на 22. издание на „Синедејс фестивал“.

Филмот од 14 октомври ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид.

„М“ е првиот филм во македонската кинематографија со постапокалиптична тематика.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

Share
Scroll to Top