Филмот „Украдено лице“ со Џон Траволта и Николас Кејџ ќе добие продолжение

Филмот „Украдено лице“ со Џон Траволта и Николас Кејџ ќе добие продолжение

пред 6 години

Режисерот Адам Вингард на својот „Инстаграм“ објави дека наскоро планира да работи на продолжение на култниот трилер „Украдено лице“, во кое главните улоги ги имаа Николас Кејџ и Џон Траволта.

Ваквата најава стигна откако бројни медиуми ја пренесоа веста дека наскоро ќе се сними римејк од прочуениот трилер. Како што објавија тие викендов, Адам кој е режисер на филмот „Годзила против Конг“, требаше да напише сценарио за новата верзија од 1997 година.

Но, тој брзо ги негираше ваквите вести и најави дека нема да има римејк туку продолжение.

„Никогаш не ми паднало на памет да снимам римејк за „Украдено лице“. Тоа е совршен акционен филм. Сајмон Барет и јас ќе напишеме директно продолжение“, напишал Вингард на својот инстаграм-профил.

За потсетување, Вингард и Барет претходно соработуваа на хорор филмот „Вештерките од Блер“, „Гостин“ и „Грозен ден за умирање“.

Оригиналниот „Украдено лице“ беше во режија на Џон Ву, а Џон Траволта и Николас Кејџ беа главните ликови. Траволта играше агент на ФБИ, а Кејџ беше терорист. Во сценариото, двајцата меѓусебно го променија својот физички изглед.

 Тоа е прв холивудски филм кој на Ву му донесе големо признание. Поради своите глумечки изведби, двоецот Кејџ и Траволта добија одлични критики. Остварувањето беше познато по стилизираните акциони секвенци, оригиналноста и ироничниот хумор.

Оригиналното дело оствари и голем комерцијален успех, како филм со најголема заработка таа година. Во оригиналната глучака постава беа Џон Ален, Алесандо Нивола, Џина Гершон и други.

Share
Scroll to Top