Филмот „Улиште“ во косовско-македонска копродукција е победник на Санденс

Филмот „Улиште“ во косовско-македонска копродукција е победник на Санденс

пред 4 години

Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, кој е копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија, освои три награди на фестивалот Санденс, најголемиот фестивал за независен авторски филм во САД.

„Улиште“ ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката.

„Улиште“ е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент “Црна мачка продукција”. Со тоа, четврта година по ред, на овој фестивал е присутен проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

На Санденс во изминатите години беа птикажани филмовите: во 2018 „Види ја ти неа“ на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), 2019 „Медена земја“ (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница“ на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера.

 

Share
Scroll to Top