Финската премиерка се тестираше за дрога по снимките на кои танцува на забава

Финската премиерка се тестираше за дрога по снимките на кои танцува на забава

пред 2 години

Финската премиерка Сана Марин (36) на прес-конференција кажа дека направила тест за дрога откако се појавија снимки на кои се забавува со пријатели на приватна журка но и како танцува со финска поп-ѕвезда. Таа беше критикувана дека се однесувала недолично за позицијата што ја има, а некои политичари рекоа дека треба да се тестира за наркотици.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција, Марин рече дека се тестирала и резултатите се очекуваат следната недела и нагласи дека никогаш не земала дрога.

„Не направив ништо незаконско. Дури и во моите тинејџерски години не користев никаков вид дрога. Се тестирав за да ги смирам сите. Мислам дека мојата способност да функционирам беше навистина добра. Немаше најавени состаноци во деновите кога се забавував“, рекла таа

Иако Марин призна дека постојано ја снимаат, рече дека е вознемирена што снимката станала јавна.

„Верувам дека луѓето разбираат оти слободното време и работното време можат да се одвојат“, додаде на пресот.

(Видео) Финската премиерка снимена како се забавува, призна дека пиела алкохол пред журката

Share
Scroll to Top