Финска петта година по ред е најсреќна земја во светот

Финска петта година по ред е најсреќна земја во светот

пред 2 години

Финска петта година по ред е најсреќна земја во светот. Ова го покажа неодамнешното истражување во кое учествувале луѓе од 156 земји. Одговарајќи на прашањата за животот, социјалната поддршка, животниот век, дарежливоста и корупцијата, психолозите дошле до заклучок дека Финците се најсреќни.

Психологот Френк Мартела рече дека луѓето често го прашуваат зошто овој народ е толку среќен и задоволен од животот. Објаснил дека никогаш не се споредуваат со соседите, придобивките од природата ги земаат за сериозно и имаат целосна доверба еден во друг и не се сомневаат.

„Во Финска има позната реплика од еден поет: Не споредувај се со другите и не фали се со својата среќа. Тие ова го сфаќаат сериозно“ рече Мартела.

Објасни дека еднаш на улица го видел еден од најбогатите луѓе во земјата како го турка син му во количка до трамвајската станица.

„Без разлика што има пари и за количката и за возачот, едноставно решил така да постапи“, рече Мартела и додаде дека секој се однесува како обичен човек и си поставува свои стандарди, без разлика колку е успешен или што поседува.

Финците веруваат дека природата е важна бидејќи им дава мир, им ја враќа енергијата и им овозможува да се релаксираат. Во Финска зеленило има во најголем дел од големите градови.

Вработените во Финска имаат право на четири недели летен одмор и една недела зимски одмор, па многумина го користат летниот одмор за да излезат во природа и да одморат од социјалните мрежи.

Статистиката покажува дека луѓето се посреќни кога има поголем степен на меѓусебна доверба во една земја, а тоа важи и за чесноста и правичноста.

Експериментот „Изгубен паричник“ од минатата година покажа дека во Хелсинки, 11 од 12 паричници им се вратени на нивните сопственици. Финците ја ценат искреноста и многу е веројатно дека некаде ќе го најдете она што сте го заборавиле и дека никој нема да ви го украде.

Во оваа земја најголем дел од децата сами се возат во јавен превоз и си играат на отворено без надзор, пренесува „Данас.рс“.

Share
Scroll to Top