ФИФА го одби барањето на Зеленски да испрати порака со мир пред почетокот на финалето

ФИФА го одби барањето на Зеленски да испрати порака со мир пред почетокот на финалето

пред 1 година

Светската фудбалска федерација ФИФА, го одбила барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски да испрати порака за светски мир, пред почетокот на финалето на Светското првенство во недела, пренесе неименуван извор за „Си-ен-ен“.

Изворот рече дека од канцеларијата на Зеленски им понудиле на ФИФА да се појави во видео пред навивачите на стадионот во Катар, пред почетокот на натпреварот. Исто така рече дека бил изненаден од негативниот одговор.

„На почетокот не беше познато дали пораката требаше да биде во живо или снимена, но во секој случај сега е познато дека нема да се емитува“, рече изворот и дополни дека сите на почетокот сметале дека ФИФА ќе сака да ја искористи својата платформа за општо добро.

Сепак преговорите меѓу Украина и раководното тело на овој спорт и понатаму се во тек, додаде изворот иако објасни дека тешко дека Инфантино и неговите соработници ќе дозволат финалето и сè што му претходи, да се одвива надвор од веќе пропишаните протоколи.

Ваквото барање на Зеленски не е за изненадување. Киев веќе неколку пати се обиде да ги искористи светските настани, без разлика на нивната тематика, да го задржи глобалното внимание на војната во Украина. Зеленски се појави преку видео на неколку важни настани од самитот на Групата 20, до доделувањето на „Греми“ наградите и Филмскиот фестивал во Кан.

Исто така објави интервјуа и разговори со разни новинари и познати забавувачи меѓу кои беа и Шон Пен и Дејвид Летерман.

 

Share
Scroll to Top