ФИФА сака во секоја држава во светот да има по еден стадион што ќе го носи името на Пеле

ФИФА сака во секоја држава во светот да има по еден стадион што ќе го носи името на Пеле

пред 1 година





Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сака во секоја земја во светот да постои барем еден стадион што ќе го носи името на Пеле. На овој начин, вели тој, ФИФА ќе се оддолжи на фудбалската легенда која почина пред Нова година од рак. 

„Пеле зад себе има бројни рекорди за восхит и е еден од најдобрите во историјата. Ривалството меѓу него и Диего Армандо Марадона одбележа една страница во фудбалската историја“, вели Инфантино.

Земјите-членки на ФИФА за сега немаат официјален став за оваа идеја на првиот човек на фудбалската федерација.





Share
Scroll to Top