„Фолклорно -класична симбиоза“ - музичко-сценски спектакл на Националната опера и балет и Танец со над 130 учеснци на сцена

„Фолклорно -класична симбиоза“ – музичко-сценски спектакл на Националната опера и балет и Танец со над 130 учеснци на сцена

пред 1 година

Музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец во НОБ насловен „Фолкороно -класична симбиоза“. Спектаклот е најавен за на 27-ми септември со почеток во 20 часот во големата сала на НОБ.

„Фолклорно -класична симбиоза“ е музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец. За прв пат во историјата овие две национални установи, со повеќе од 130 учесници на сцената ќе прозвучат заедно во симфонизираните антологиски кореографии на Танец: „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и во многу други македонски орски и вокални мелодии, обмислени во ново раскошно руво“, информираат од НОБ.

Концертот е под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, во придружба на оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет. Оркестрациите специјално за овој проект ги направи Дарко Илиевски.

Share
Scroll to Top